ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ДОО Скопје е професионална и општествено одговорна компанија која се стреми кон континуирано подобрување на своите процеси и производи, заштита на животната средина и придонес кон општеството. ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ја развива ПОЛИТИКАТА НА КВАЛИТЕТ И ЖИВОТНА СРЕДИНА базирана на барањата на ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015. Во насока на континуирано подобрување на системот за менаџмент со квалитет, ТЕ-ТЕ ПЛАСТ се стреми кон:
- Идентификување и елиминирање на сите форми на загуби кои што влијаат на квалитетот на процесите и производите/усугите
- Обезбедување на производи и услуги кои што целосно ги задоволуваат сегашните и идните очекувања на клиентите
- Професионален однос со своите клиенти како и исполнување на договорените рокови
- Донесување на одлуки засновани врз претходни истражувања на пазарот, анализи, адекватни податоци и проверени факти
- Создавање на услови за континуиран развој
- Обезбедување на здрава работна средина, како и обуки за поттикнување на свеста на вработените за квалитетно работење
- Целосно документирани процеси на работа со постојано идентификување и отстранување на неусогласеностите од страна на вработените
- Грижа за животната средина преку енергетска ефикасност на објектите, управување на отпадите и уредност на работната средина
Како дел од континуираните процеси за задоволување на барањата на клиентите, со цел да се реализираат целите кон кои се стреми компанијата, филозофијата на ТЕ-ТЕ ПЛАСТ се темели на:
- Инвестиции во развој и технологии
- Постојана едукација на кадри
- Широк асортиман на производи и услуги
- Комплетно решение на едно место
Скопје, ноември 2018 година
Ѓорче Тодоровски
Генерален Директор на Те-Те Пласт ДОО Скопје