Нашата главна дејност е изработка на калапи за вбризгување пластика и лиење алуминиум како и сериско производство на пластични компоненти, користејќи широк спектар на оптимални гранулати. Нашиот фокус се бризгање на сложени калапи и пластични компоненти,1К компоненти, компоненти со сложена текстура како и изработка на склопови и подсклопови.
Имаме компетентност во фазите на развој, изработка на калап, интерно производство единечни копоненти, како и мануелна и автоматска монтажа на склопови и подсклопови и лабаратористи тестови.
Клучни карактеристики:
- детална студија на изводливост и оптимизација на дизајнот за производство
- избор на оптимални материјали според барањата
- водење грижа за оптимален концепт на калап
- сопствен машински парк
- дополнителни услуги